Elahe Salari,Mustafa Melih Ahıshalı
03 Јануари 2018•Ажурирај: 04 Јануари 2018
ТЕХЕРАН (АА) - Во неколку ирански градови, поддржувачите на иранскиот режим организираа протести за поддршка, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Иран веќе неколку денови траат антивладини демонстрации, при што поддржувачите се одлучија митинзите за поддршка на режимот да ги одржат во градовите Ахваз, Абадан, Горган, Илам, Арак, Хорамбад, Керманшах и во Бехшахр.
Демонстрантите ги извикуваа слоганите: „Проклети да се САД“, „Проклета нека е Саудиска Арабија“, „Проклети нека се интригантите и лицемерите“ и други слични пароли.
Незадоволни од економската ситуација во Иран, демонстрантите во градот Мешхед на 28 декември започнаа протести кои брзо добија антивладин карактер и се проширија и во другите градови низ земјата.
Во нередите досега загинаа најмалку 24 лица, а над илјада демонстранти се приведени.