Ali Rezzakoğlu
21 Февруари 2022•Ажурирај: 24 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку три лица загинаа при уривање на воен авион во северозападниот ирански град Табриз, објави иранската државна телевизија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пилотот, неговиот помошник и цивил кои се наоѓале во авионот ги загубија животите при падот на авионот во близина на училиште и спортска сала.
Според новинската агенција Мехр, воениот авион за кој се верува дека е од типот Ф-5, се урнал над гимназија Алипур во областа Монажим Боливар.
Властите започнаа истрага во врска со инцидентот.