Muhammet Kurşun
27 Јануари 2021•Ажурирај: 27 Јануари 2021
ТЕХЕРАН (АА) - Генералниот секретар на Високиот совет за национална безбедност на Иран, Али Шемхани, тврди дека талибанските лидери се решителни за војна против Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шемхани на Твитер објави соопштение во врска со неговата средба со делегацијата предводена од Мола Абдулгани Берадер, шефот на политичката канцеларија на Талибанците, во рамки на неговата посета на иранскиот главен град Техеран.
„Реализиравме средба со политичката делегација на Талибанците. Талибанските лидери беа решителни за војна против САД. Едно лице кое 13 години било изложено на нивните тортури во Гвантанамо, се нема откажано од војната против САД во регионот“, нагласи Шемхани.
Од друга страна, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Саид Хатибзаде, вчера соопшти дека делегацијата под водство на Берадер вчера го посетила Техеран по покана на иранското Министерство за надворешни работи.
Талибанската делегација во рамки на посетата на Техеран денеска се состана со Шемхани.