Can Erözden
15 Декември 2016•Ажурирај: 15 Декември 2016
МОСУЛ (АА) - Министерството за одбрана на Ирак соопшти дека ирачката војска утринава неутрализираше 50 припадници на терористичката организација ДЕАШ во северниот дел на земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека ирачките борбени авиони извршиле напад на градот Тел Абта, западно од Мосул, при што загинале 50 припадници на ДЕАШ, меѓу кои и 20 лидери на таа терористичка организација.
Припадниците на ДЕАШ во јануари 2014 година презедоа контрола над Мосул, вториот најголем град во Ирак. Ирачките сили на 17 октомври започнаа опсежна операција на ослободување на Мосул.