Gözde Bayar
10 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
БАГДАД (АА) - Новоизбраниот премиер на Ирак, Мустафа ал Кадими, изјави дека ќе биде разгледан Стратешкиот договор со Соединетите Американски Држави (САД) врз база на заштита на единството и суверенитетот на Ирак, јавува Агенција Анадолија (АА).
По првиот состанок на Кабинетот, Ал Кадими за новинарите изјави дека е формиран кризен тим составен од експерти за надворешни работи.
Ирак и САД го потпишаа Стратешкиот рамковен договор во 2008 година врз основа на пријателските односи и соработката меѓу двете држави.
Парламентот во четвртокот му изгласа доверба на Ал Кадими и неговиот делумен Кабинет, кој ја наследи Владата на премиерот Адил Абдул-Мехди, по нејзината оставка.
Ал Кадими успеа да формира нова Влада откако двајцата претходно назначени премиери, Мухамед Алави и Аднан ал Зурфи, не успеаја да добијат поддршка.
Ирак беше зафатен со масовни протести од почетокот на октомври поради лошите животни услови и корупцијата во земјата, принудувајќи го премиерот Адил Абдул-Мехди да поднесе оставка.
Според Ирачката висока комисија за човекови права, од почетокот на демонстрациите на 1 октомври животот го изгубија најмалку 496 Ирачани, а 17.000 беа повредени.