Maımaıtımıng Yılıxıatı
28 Октомври 2018•Ажурирај: 29 Октомври 2018
БАГДАД (АА) - Ирачкиот премиер Адил Абдулмехди денес повика на зачувување на безбедноста долж границата со Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Абдулмехди преку соопштение нагласи дека спроведувањето на безбедноста долж ирачко-сириската граница ќе придонесе за одржување на стабилноста во Ирак.
Изјавите на ирачкиот премиер доаѓаат по неговата посета на штабот на Командата за заеднички операции во Багдад.
За време на посетата, Абдулмехди апелираше и за продолжување на напорите за откривање и елиминирање на терористичките ќелии во земјата.
Минатиот декември, властите во Багдад објавија дека е ставен крај на присуството на ДЕАШ во Ирак, но изгледа терористичката организација сè уште одржува мрежа на притаени ќелии во неколку делови на земјата.