Ekipa
28 Октомври 2018•Ажурирај: 29 Октомври 2018
ЏАКАРТА (АА) - Индонезискиот претседател Јоко Видодо ги осуди израелските напади во Газа во кои беше оштетена и индонезиската болница во Газа, пренесува Anadolu Aggency (AA).
Според веста на „The Jakarta Post“, Видодо, кој престојува во посета на Источна Јава, оттаму упати осуда за нападот врз болницата: „Да, знам, болницата е оштетена, а Индонезија остро ги осудува израелските напади од 27 октомври“
Тој посочи и дека во нападот се уништени и куќи на цивили во подрачјето. „Индонезија е сè уште и секогаш ќе биде зад Палестинците во борбата за нивната независност. Нема враќање назад“, рече тоj.
Израел, ноќта, петокот кон сабота започна воздушни напади врз одредени позиции во Газа, под изговор дека кон израелската страна се лансирани ракети од Појасот Газа која е под блокада.
Портпаролот на палестинското Министерство за здравство во Газа, Ешреф ел Кудра, писмено соопшти дека како резултат на воздушниот напад на Израел извршен во една воена точка близу индонезиската болница во северниот дел на Газа, настаната е штета на оваа болница.
Инаку, индонезиската болница официјално е отворена во јануари 2016 година, а отворањето беше иницирано од индонезиската хуманитарна мисија која во Газа донесе медицинска помош во 2008 година.