Haydar Hadi
14 Јануари 2017•Ажурирај: 15 Јануари 2017
МОСУЛ (АА) - Објавено е известување дека ирачките сили во потполност воспоставиле контрола врз населените места во југоисточниот дел на Мосул, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата која на ирачката државна телевизија ја даде командантот на операциите за Мосул, Абдулемир Јарулах, се вели „Федералните полициски сили и коалициските сили поддржани од воздух од страна на ирачките авиони воспоставија целосна контрола врз југоисточното подрачје на Мосул."
Јарулах рече дека терористите на ДЕАШ во тој дел се поразени.
Југоисточниот дел на Мосул се состои од населбите Палестина, Сомар, Домиз, Вахде, Мисак, Селам, Јаримја и Јужна Јаримја.