Hacer Başer
25 Мај 2017•Ажурирај: 26 Мај 2017
МОСУЛ (АА) - Ирачката армија ослободи четири села и стратешки патен правец во западниот дел на Мосул, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извори од ирачката војска, силите на Хашди Шаби, (претежно шиитски борци кои делуваат во рамките на ирачките вооружени сили), од ДЕАШ ги ослободиле селата Кубетул Вехби, Рафије, Рафије ел-Евел и Мелихат во западниот дел на Мосул.
Потврдено е дека силите на ирачката Федерална полиција успешно евакуирале над 200 цивили, кои се наоѓале во окупираните подрачја на Ел Мејдан и Ел Фарук.
Ирачките сили во јануари целосно го ослободија источниот дел на Мосул, а на 19 февруари започна акцијата за ослободување на западните делови на градот.
Терористите на ДЕАШ од летото на 2014 година го контролаат вториот по големина ирачки град Мосул. По тримесечни операции, здружените ирачки сили со поддршка на меѓународната коалиција во јануари го ослободија источниот дел на Мосул, а на 19 февруари започната е и операцијата за ослободување на центарот на градот, кој се наоѓа на западниот брег на реката Тигар.
Мосул во Ирак и Рака во Сирија важат за две најголеми упоришта на терористите на ДЕАШ.