свет

Ирскиот Парламент усвои предлог во кој се наведува дека Израел спроведува геноцид во Газа

Потпретседателот на Владата на земјата објави дека Даблин планира да интервенира до крајот на годината во случајот на Јужноафриканската Република против Израел за геноцид

Esra Tekin  | 08.11.2024 - Обновена : 08.11.2024
Ирскиот Парламент усвои предлог во кој се наведува дека Израел спроведува геноцид во Газа

ИСТАНБУЛ (АА) - Ирските пратеници вчера го одобрија необврзувачкиот предлог дека „геноцид се врши пред наши очи во Газа од страна на Израел“, пренесува Анадолу.

Потпретседателот на Владата на земјата, или танаиште, исто така, објави дека Даблин планира да интервенира до крајот на годината во случајот на Јужноафриканската Република против Израел за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), објави лондонската новинска агенција ПА.

Мајкл Мартин, исто така, ја нагласи посветеноста на земјата за строго толкување на Конвенцијата за геноцид, како и „деталната и ригорозна правна анализа“ што ја спроведе Владата во својата одлука за интервенирање во случајот.

Ирска повеќепати изјави дека ќе достави декларација за интервенција до МСП откако Јужноафриканската Република ќе го поднесе својот правен документ за случајот, што го направи изминатиот понеделник.

„Ирска е силен поддржувач на работата на судот и длабоко е посветена на меѓународното право и одговорност“, рече Мартин.

Со предлогот се повикува Владата да воведе трговски санкции за патување, како и дипломатски санкции за Израел, при што парламентарната дебата беше фокусирана на неусвојувањето на претходен нацрт-закон со кој би се наметнале трговски ограничувања на еврејските населби во Палестина за време на актуелниот законодавен период.

По советодавното мислење од највисокиот суд на Обединетите нации во јули дека со присуството на Израел на палестинските територии го прекршува меѓународното право и тоа мора да прекине, ирската Влада побара правен совет во врска со нацрт-законот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.