Ekipa
11 Јуни 2018•Ажурирај: 11 Јуни 2018
РИМ (АА) - Малта ја обвини Италија за кршење на меѓународните стандарди, бидејќи нареди бродот со 629 мигранти да остане на море, додека администрацијата не одлучи каде може да се усидри, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот на Малта, Јозеф Мускат, рече дека одбивањето на Италија да дозволи бродот „Aquarius“ да се усидри во италијанското пристаниште, ги довело во опасност сите што се на бродот.
Мускат, во изјавата конкрајот на неделата, по разговорите со италијанскиот премиер, одби да дозволи бродот да се усидри на пристаништето во Малта, но рече дека Малта, доколку е потребно, ќе направи вонредни медицински евакуации.
Министерот за внатрешни работи, Матео Салвини, во неделата на својот твитер-профил напиша дека и Италија од сега почнува да кажува не за трговијата со луѓе.