Ekipa
15 Август 2017•Ажурирај: 15 Август 2017
РИМ (АА) - Италија наесен ќе биде домаќин на Самитот на министри за внатрешни работи на земјите од Г-7, каде што тие ќе разговараат за безбедносните прашања, јавува Anadolu Agency (AA).
Италијанскиот министер за внатрешни работи, Марко Минити, изјави дека средбата е организирана на барање на партнерите од Г-7: Канада, Франција, Германија, Велика Британија, Јапонија и САД.
Италија во моментов претседава со групата од седум индустриски светски сили.
Минити додаде дека Италија од 2015 од земјата исфрлила 199 странски државјани осомничени дека претставуваат закана за безбедноста, откако ги покажале првите знаци на радикализација, но ниту еден од нив не стигнал до фаза за планирање напад.
Минити на крајот додаде дека Самитот на министри за внатрешни работи Г-7, најверојатно ќе се одржи во октомври.