Barış Seçkin
05 Јули 2024•Ажурирај: 06 Јули 2024
РИМ (АА) - Откако синоќа еруптираше вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија, еруптираше и Стромболи почнувајќи да исфрла пепел и лава, јавува Анадолу.
Вулканската активност продолжи да се зголемува во последните неколку дена на островот Сицилија, а по Етна, каде што вчера се случи најголемата ерупција на лава и пепел, вулкански експлозии се случија и на Стромболи, уште еден активен вулкан на југот на Сицилија.
Вулканот на островот Стромболи, кој е дел од Еолскиот Архипелаг, почна интензивно да исфрла пепел и малку лава, а во морето паднаа и фрагменти од карпи и лава.
Во информациите што ги сподели Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија (INGV) беше наведено дека пепелта исфрлена од вулканот Стромболи достигнала висина од приближно 2 километри.