Ekipa
28 Јануари 2017•Ажурирај: 29 Јануари 2017
РИМ (АА) - Прво папата Франсис за време на инаугуративната церемонија во Сикстинската капела ги охрабри жените да ги дојат своите бебиња кои плачат и кои се гладни. Сега истото го направи италијанската министерка Maрина Maдиа, која рече дека наскоро ќе биде издадена директива за јавните институции во кои ќе биде добредојдено доењето бебиња, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерката за јавна администрација Maдиа на Твитер напиша дека доењето не треба да се забрани никаде.
Во саботата „Poste Italiane" издаде соопштение во кое се вели дека доењето не е забранетo во поштите. Со тоа ја отфрлија жалбата на Фејсбук објавена од една жена, а која подоцна беше пренесена во медиумите.
Од „Poste Italiane" истакнаа дека ќе ја исконтактираат мајката во врска со недоразбирањето.