Barış Seçkin
18 Ноември 2021•Ажурирај: 19 Ноември 2021
РИМ (АА) - Италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека ја поддржува интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија (ЕУ) и дека некои неодамнешни случувања не треба да влијаат на процесот на проширување на Блокот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Драги ги даде овие изјави на прес-конференцијата со албанскиот премиер Еди Рама во палатата Чиги.

„Интеграцијата на Западен Балкан не зависи од периодичните случувања. Ова е иднината на Унијата. Она што се случи во Белорусија не го погодува овој процес и Италија мисли дека ова не би требало да влијае на целиот процес“, рече тој.
Драги истакна дека чекорите што треба да ги преземе Италија наскоро ќе бидат утврдени и дека Италија е блиску до Албанија во секоја фаза од процесот.
Италијанскиот премиер рече дека не знаел дека ќе се одржи вонреден самит на ЕУ во врска со проблемот со нерегуларната миграција со Белорусија.
„Мораме учтиво да кажеме дека мигрантите стана алатка во надворешната политика“, рече тој.
Премиерот на Албанија, Рама, рече дека со Драги разговарале за процесот за членство на Албанија во ЕУ.
„За нашата младина е исклучително важно да се интегрира во европските универзитетски системи и во земјоделските и иновативните системи, без да ја заборавиме еколошката транзиција“, нагласи тој.
Рама рече дека Албанија е подготвена за членство во ЕУ.
„Ние ја направивме и продолжуваме да ја правиме нашата домашна задача не само за ЕУ, туку и за нас самите“, истакна Рама.
„Подготвени сме да седнеме на маса кога ќе се отвори патот“, додаде албанскиот премиер.