Sarp Özer
27 Октомври 2016•Ажурирај: 28 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за одбрана на Турција Фикри Ишик, по седницата на вториот ден од состанокот на министрите за одбрана на НАТО, одговараше на прашањата на новинарите, јавува Anadolu Agency (AA).
Еден Американски новинар потсетувајќи го турскиот министер за остварените двете средби со американскиот секретар за одбрана Ештон Картер кои беа реализани во последниот период, го запраша дали се разговарало за учеството на ПКК/ПЈД во Мумбич. Министерот Ишик одговори дека е јасен ставот на Турција по тоа прашање.
Министерот Ишик пренесе дека САД ветилe дека во операцијата за Мумбич во никој случај нема да има елементи на ПКК/ПЈД и дека тие праваат сѐ што е во нивна моќ во однос на тоа прашање.
„И ние сакаме што поскоро да се исполнат ветувањата дадени од американскиот претседател и министерството за одрбана. Тоа е императив за Турција. По тоа прашање и тие велат `со сигурност ќе го одржиме зборот, правиме сѐ што е во наша моќ`. Ова прашање постојано е на дневен ред на сите наши средби. Особено кон ова прашање САД ни покажа дека стои на зборот. Нормално од сега натаму не треба да се гледа само на зборот, тука треба да се гледа и на ефикасноста. Дај боже што поскоро да го реализираат дадениот збор. Во спортивно Турција нема да се двоуми да го направи потребното“, рече Ишик.
- Операција во Рака
Во врска со наводите дека во операцијата во Рака ќе учествуват и силите на ЈПГ, минстерот Ишик изјави: „Ние велиме дека тоа не треба да се случи. Турција има способност да понуди алтернатива. Според нас во тој регион има доволни сили, особено сили во рамките на УСО. Посакуваме САД да го промени ставот во таа насока. По тоа прашање ние ќе инсистираме до крај.“
Министерот Ишик потсети дека во операцијата против ДЕАШ во Мосул Турција даде своја поддршка со воени авиони. На прашањето дали Турција ќе ја зголеми подршката или не во рамките на оваа операција, Ишик истакна дека ова прашање детално било разгледано на средбите со министрите за одбрана на САД, Франција, Велика Британија и Германија.
„Сакаме да го зголемиме дијалогот со Ирак“
„Ние како Турција во секој случај сакаме да го зголемиме дијалогот со Ирак. Ирак е наш сосед и евентуалните тензии меѓу Ирак и Турција не се во ничија корист. Свесни сме за тоа. Особено мислиме дека е потребна блиската соработка меѓу Турција и Ирак околу регионалните прашања. Задоволни сме и му се заблогодаруваме на САД за неговиот придонесот по ова прашање“, рече Ишик.
„Постои консенсус за учеството на Турција во операцијата во Мосул“
Министерот Ишик истакна дека Турција нема никаква корист ниту придобивка доколку биде нарушен територијалниот интегритет на Ирак и додаде: „Турција ќе ја даде својата целата можна подршка во операциите за Мосул. По ова прашање постои консенсус са учеството на Турција во операцијата во Мосул“.