Fatjon Cuka,Malik Hasa,Dzihat Aliju
27 Октомври 2016•Ажурирај: 28 Октомври 2016
ТИРАНА (AA) - Албанскиот министер за здравство Илир Беќај денеска во Тирана се состана со министерот за здравство на Турција Реџеп Акдаг кој се наоѓа во посета на оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Акдаг по состанокот на конференцијата за медиумите рече дека Турција дава големо значење на јакнењето на пријателските односи со сите земји, додавајќи дека Турција има многу блиски и силни односи со Албанија.
Нагласи дека Турција и Албанија во значителна мерка го делат минатото, истакнувајќи дека во последно време имаат многу силни односи и во областа на здравството.
„За нас, како министри кои се грижат за здравството, многу е важно да се воспостави здравствен систем кој ќе одговори на потребите на граѓаните", рече Акдаг, додавајќи дека во Турција во последните години е воспоставен нов систем на здравство кој, како што рече, на граѓаните им овозможува поефтини услуги отколку во многу европски земји.
Истакна дека е подготвен да испрати тим на лекари од Турција во Албанија за да помогнат во подобрување на секторите во здравство во таа земја.
„Потребно е да се воспостави силен јавен здравствен систем. Мислам дека би било корисно, во согласност со нивниот учинок, да се воведе додатна финансиска стимулација за лекарите во јавно здравство", рече Акдаг.
Беќај изјави дека турскиот министер за здравство со делегацијата се наоѓа во посета во Тирана за да ги пренесат искуствата во здравството од од својата држава во Албанија.
„Според договорот, кој го имаме со Турција, секоја година 100 болни одат во Турција на лекување. Голем број на граѓани на Албанија ја користат оваа можност, како и самите можат да се уверат квалитетни услуги во здравствениот сектор на Турција", рече Беќај.
На крајот истакна дека Турската агенција за меѓународна соработка и координација (ТИКА) до сега на албанските власти им пружила значителна помош и поддршка во развојот на здравството и изградбата на медицинската инфраструктура.