Ekip
28 Јули 2016•Ажурирај: 29 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Припадниците на терористичката организација на Фетулах Ѓулен ФЕТО/Паралелна државна структура (ПДЈ) која на 15 јули изврши крвав обид за воен удар во Турција, ги интензивираат своите активности во главниот град на Египет, Каиро, кој го одбраа како база за дејствување во целиот регион, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименувани очевидци за АА изјавија дека по неуспешниот обид за државен удар во Турција, високорангираните припадници на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ одржаа низа тајни состаноци во Каиро и донесоа одлука овој египетски град во иднина да биде централна база за регионална активност.
Истите извори јавуваат дека на состаноците учествувале припадниците на терористичката организација кои претходно вршеле различни должности во Египет и имаат блиски односи со актуелните египетски официјални лица.
Припадниците на организацијата ФЕТО/ПДЈ за египетските телевизии кои го подржуваа обидот за пуч во Турција дадоа изјави во кои ја критикуваат легалната и легитимна власт во Анкара, а новопристигнатите членови на организацијата блиски со египетските власти предлагаат да се отвори можност за давање азил на водачот на таа организација, Фетулах Ѓулен во Египет. Тие изјави ги потврдуваат наводите на неименуваните извори на АА.
Терористичката организација ФЕТО/ПДЈ ги интензивираше активностите во Египет од средината на 1990 година, а само во Каиро управува со четири студентски домови во кои престојуваат студенти што стигнале од Турција и од државите на централна Азија.
Во Каиро се подготвува и печатење на весникот „Хира” на арапски јазик, кој е познат по блискоста со организацијата ФЕТО, а кој со посредство на египетски фирми се дистрибуира во неколку арапски држави. ФЕТО во Каиро води и еден јазичен курс и книжара под назив „Нил“.
Паралелно со тоа, во Каиро, Александрија и во Сувајс дејствуваат три приватни училишта на кои наставата продолжува да се одвива на англиски јазик и се доделуваат американски дипломи, додека во регионот Земалик дејствува културниот центар.