Emel Öz Gözellik
22 Октомври 2019•Ажурирај: 22 Октомври 2019
ДАЛАС (АА) - Како резултат на невремето и торнадата што ги погодија американските држави Арканзас и Оклахома, смртно настрадаа четири лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Националниот центар за метеорологија се вели дека во Арканзас едно лице починало кога дрво паднало врз него, а три лица настрадале од удар на гром во Оклахома.
Невремето го погоди и Далас, во Тексас, а причинета е материјална штета на неколку објекти.
Метеоролозите предупредуваат дека невремето може да потрае.