Aynur Ekiz
23 Октомври 2019•Ажурирај: 24 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, изјави дека Европа треба да им биде благодарна на турските војници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, на својот профил на Твитер објавувајќи го интервјуто за „Дојче веле“, напиша: „Европа треба да им биде благодарна на нашите војници. Цивилите во Идлиб се заштитени од нашата војска. Задава удар на терористичката и сепаратистичката политика во северна Сирија. Игра клучна улога за безбедноста на регионот.“
- „Нашите војници спроведуваат многу опасна, но важна мисија“
Во интервјуто објавено во „Дојче веле“ на 21 октомври, Калин, посочувајќи го договорот постигнат со Американците рече дека првата фаза од договорот вклучува запирање на воената операција, а втората фаза прекинување на операцијата откако терористите на ЈПГ/ПКК ќе се повлечат од областа.
Калин, истакнувајќи дека операцијата има две цели, рече: „Првата, областа да биде расчистена од терористите. А втората, да се обезбеди враќање на бегалците во нивните домови. Во таа рамка сакаме да создадеме соодветни услови за враќање на бегалците во нивните матични градови.“
Одговарајќи на тврдењето на германскиот министер за надворешни работи, Хеико Мас, дека оваа операција е окупација и кршење на меѓународното право, Калин рече:
„Напротив, присуството на нашите војници во регионот е гаранција и безбедност, пред сè за континуитетот на политичкиот процес во Сирија и за заштитата на сириските бегалци и внатрешно раселените лица. Нашите европски пријатели треба да им бидат благодарни на нашите војници затоа што спроведуваат многу опасна, но важна мисија.“