Ahmet Furkan Mercan
05 Август 2018•Ажурирај: 06 Август 2018
АНКАРА (AA) – Гласноговорникот на Кабинетот на претседателот на Република Турција, Ибрахим Калин, упати порака за поддршка на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, кој неповреден преживеа напад со дрон, јавува Anadolu Agency (AA).
„Stay strong, mi amigo” (Биди јак, пријателу), напиша гласноговорникот на Кабинетот на претседателот на Турција, Ибрахим Калин, на социјалната мрежа Твитер.
Нападот на Мадуро го осуди и шефот на Одделот за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател, Фахретин Алтун.
„Го осудуваме обидот за атентат врз Мадуро. Турција е со народот на Венецуела и неговиот демократски избран лидер“, напиша Алтун, изразувајќи надеж за брзо закрепнување на Мадуро и Венецуела.
Нападот врз Мадуро беше изведен додека тој држеше говор во Каракас. Министерот за комуникации, Јорге Родригез, изјави дека во нападот на Мадуро се ранети 7 војници.