Ekip
05 Август 2018•Ажурирај: 06 Август 2018
БЕРЛИН (AA) - Швајцарската полиција соопшти дека сите 20 лица кои беа во стар едномоторен авион на компанијата „Ju-Air“, загинаа кога во саботата се урна авион на Алпите во југоисточна Швајцарија, јавува Anadolu Agency (AA).
Интернет-страницата „The Swiss“ ја цитираше портпаролката на полицијата, Анита Сенти, која рече дека полицијата сега знае дека сите 20 лица од летот на авионот „Jukers“ загинале во несреќата во саботата, во близина на одморалиштето „Филмс“.
Официјалните лица соопштија дека починале 11 машки лица и 9 жени, од кои најмногу се од Швајцарија, а еден пар и неговиот син беа од Австрија.
Авионот беше во сопственост на „Ju-Air“, швајцарска компанија која нуди излети во старите швајцарски воени авиони.