Ferdi Türkten
11 Мај 2021•Ажурирај: 12 Мај 2021
АНКАРА
Портпаролот на Кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, ги повика сите муслимани, христијани и Евреи со здрав разум и совест заедно да се борат за да ја спречат окупацијата и насилството на Израел и фанатичните Евреи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во објавата на социјалните медиуми, Калин ја сподели заедничката изјава на црквите во Кудс (Ерусалим), напоменувајќи дека со заедничката изјава повикале на ставање крај на израелското насилство и провокативните акции.
„Сите муслимани, христијани и Евреи со здрав разум и совест мораат да се борат заедно за да ја спречат израелската окупација и насилство“, изјави Калин.
Министерството за здравство на Палестина соопшти дека билансот на смртно загинатите во израелските напади на Газа е зголемен на најмалку 24, а се повредени 103 лица. Во соопштението се наведува дека меѓу 24-те шехиди што ги положиле животите биле и најмалку девет деца, а дека се ранети најмалку 103 лица.
Палестинците во Ал-Кудс веќе неколку дена протестираат поради израелските рации и судските одлуки за протерување на палестинските семејства од квартот Шеик Џарах. Ситуацијата ескалираше откако израелските сили во петокот со напад се обидоа да ги разбркаат верниците од комплексот на „Ал-Акса“.
Доцна вечерта во понеделникот израелската Војска соопшти дека извршува жестоки воздушни напади на Газа и тоа како одговор на ракетните напади што претходно се извршени кон израелските градови. Според последните информации, во тие напади Израелците убија 24 палестински цивили, меѓу кои и девет деца.