Barış Seçkin
25 Јуни 2017•Ажурирај: 26 Јуни 2017
РИМ (АА) - Започна вториот круг гласање на локалните избори во Италија. Денеска ќе се гласа за составот на 111 населени места, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласањето започна во 7.00 часот, а ќе заврши во 23.00 часот.
Во вториот круг на гласање во Италија ќе се гласа во градовите во кои во првиот круг на гласање кандидатите не го освоиле потребното мнозинство, а претставуваат градови со население над 15.000 жители. Денес ќе се гласа во 111 града, меѓу кои се Џенова, Парма, Верона, Л’Аквила, Комо. Денеска правото на глас ќе можат да го искористат 4.304.739 гласачи.
Гласачите во вториот круг на гласање ќе избираат градоначалник меѓу двајца кандидати кои во првиот круг освоиле најголем број гласови. Избраните градоначалници добиваат 5-годишен мандат.
Првиот круг на гласање се одржа на 11 јуни. Големо изненадување беше што во ниту еден голем град, главната опозициска партија, Движењето 5 ѕвезди (М5S), не успеа во вториот круг на гласање да има свој кандидат. Судбината на новите градоначалници по се изгледа ќе ја одредат гласачите на М5S. Во недостаток на кандидатите на М5S, вториот круг гласање ќе помине во борбата меѓу кандидатите на централната десница и централната левица на Италија.