Sümeyye Dilara Dinçer
08 Мај 2022•Ажурирај: 10 Мај 2022
КАТМАНДУ (АА) - Најпознатиот планинарски водич од Непал, Ками Рита, успешно ја реализираше 26. експедиција на искачување на највисокиот светски врв Монт Еверест, со што го подобри сопствениот светски рекорд, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Весникот „Press Trust of India“ објави дека 52-годишниот Ками до највисокиот светски врв на 8.848,86 метри стигнал по патеката од југоисточниот гребен.
„Ками Рита го собори сопствениот рекорд и постави нов светски рекорд во искачување“, рече Таранат Адикари, службеник на непалското Министерство за култура и туризам.
Министерството за култура и туризам на Непал оваа година издаде вкупно 316 дозволи за обид за искачување на највисокиот врв на светот.
Рита е планинарски водич и припадник на племенскиот народ Шерпа што живее во срцето на Хималаите.