Ali Talip Demirci
22 Октомври 2016•Ажурирај: 23 Октомври 2016
АНТАЛИЈА (AA) - Сахика Ерџумен постави нов светски рекорд во слободно ронење на 110 метри, јавува Anadolu Agency (AA).
Рекордот го постави во Кас во Анталија. Роњенето на здив на длабочина од 110 метри траеше повеќе од две минути и 40 секунди.
Во текот на прославата на новиот светски рекорд Ерџумен го држеше турското знаме и транспарент со натпис: „Еден здив, едно срце, за нашите маченици".
Во изјавата за медиумите таа изрази задоволство што по двегодишната работа успеа да ја постигне својата цел. Им се заблагодари на сите кои ја подржаа во нејзините цели.
„Здивот го задржав за нашите маченици, а нивните деца денеска беа со мене тука. Зад мене е цела Турција. Не сакаме зад имињата на нашата земја да се спомнува тероризмот и ударот туку меѓунадорните успеси", појасни Ерџумен.