Ahmed Youssef Elsayed Abdelrehim,Zeynep Hilal Karyağdı
08 Септември 2017•Ажурирај: 08 Септември 2017
ДОХА (АА) - Претседателот на Светската унија на исламски научници, Јусуф ел Карадави, го повика исламскиот свет и арапските земји да застанат против масакрот на којшто се изложени муслиманите Рохинџа во Аракан, јавува Anadolu Agency (AA).
„Им се обраќам на арапските и на исламските земји кои пред Возвишениот Алах се одговорни за своите браќа во Мјанмар и ќе одговараат за својата пасивност. Исламските земји, доколку сакаат, преку своите меѓународни односи можат да извршат економски и политички притисок на суровата мјанмарска Влада“, порача Карадави во пишано обраќање.
Како што порача тој, исламската вера нѐ обврзува да се спречат насилствата и нападите над послабите, да им помогнеме на нашите потиснати браќа. Тој го повика исламскиот свет да стори конкретни чекори со цел а се спречи масакрот над муслиманите од Аракан.
Од друга страна, Карадави ја поздрави активната улога на Турција и нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган, неговата активна дипломатија и важната улога во помагањето на загрозените лица.
Тој го истакна значењето на посетата од страна на Емине Ердоган, сопругата на турскиот претседател, и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, на бегалците од Аракан моментално сместени во Бангладеш.
Карадави упати критики до арапските земји, кои како што рече, поради меѓусебните минорни несогласувања, ја занемариле одговорноста кон своите загрозени браќа.
Мјанмарската војска во изминатите неколку денови уништи најмалку 60 муслимански села, од кои десетици илјади граѓани беа принудни да избегаат кон соседен Бангладеш.
Според последните извештаи на ОН, во Бангладеш досега пристигнаа 146.000 муслимани од Аракан, а десетици илјади чекаат да ги поминат границите.
Поради фактот што во кризното подрачје нема претставници на меѓународните организации, невозможно е да се зборува за прецизниот биланс на настраданите во нападите на муслиманските населби. Локалните невалдини организации јавуваат дека станува збор за илјадници убиени лица.