Serdar Bitmez,Afra Aksoy
06 Март 2019•Ажурирај: 07 Март 2019
ДОХА (АА) - Поморските сили на Катар и Италија извршија заедничка воена вежба, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според писменото соопштение на Министерството за одбрана на Катар, во оваа вежба наречена „Транзиција“ учествувале поморските сили на Катар, како и италијанската фрегата „Карло Марготини“.
Вежбата е извршена во територијалните води на Катар, во чии рамки се извршени активности за воздушна одбрана, надводни активности, борба против пожари и друго.
Заедничката воена вежба има за цел борба против тероризмот, зголемување на капацитетот и подготовката за војна, како и споделување на искуствата меѓу поморските сили на Катар и Италија.
Катар кој ги развива воените односи со Италија, во мај 2017 година отвори ново воено аташе во Рим.
Исто така, во последните две години спроведени се бројни заеднички воени вежби меѓу двете земји.