Ekipa
25 Септември 2016•Ажурирај: 25 Септември 2016
ПЕКИНГ (АА) - По неколку недели од сушата во централниот дел на Кина околу 273.000 луѓе се соочуваат со недостаток на вода за пиење, јавува Anadolu Agency (АА).
Кинескиот весник „Чајна дејли” објави дека на почетокот на месецот во покраината Хубеј паднале само 10,5 милиметри дожд, што е еднакво на количина од 10 проценти од вообичаениот износ на врнежи што паѓаат во овој регион.
Сушата има оштетено 123.000 хектари на посеви во покраината Хубеј. Исто така се истакнува дека најмногу се погодени градовите Шијан и Јичанг во кои 237.000 лица се соочуваат со недостиг на вода за пиење. Покрај тоа, сушата погоди и 170.000 грла добиток.
Локалните власти на покраината Хубеј доставуваат вода од другите делови на Кина, но штетата врз земјоделството во овој регион е огромна, велат кинеските медиуми.