Ata Ufuk Şeker
25 Септември 2016•Ажурирај: 25 Септември 2016
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија изјави дека во никој случај нема да го прифати интензивирањето на нападите врз цивилното население во Алепо и околината од страна на сирискиот режим и неговите поддржувачи, и дека овие напади се во спротивност со меѓунардното право, јавува Anadolu Agency (AA).
Вискоата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Фредерика Могерини и комесарот на ЕУ за хуманитарна помош и управување со кризи Христос Стилианидес дадоа заедничка изјава во врска со случувањата во сирискиот град Алепо.
Предупредувајќи дека во последните 48 часа ситуацијата во Сирија брзо и драматично се влошува во соопштението се истакнува дека бомбардирањето на цивилите, нивното оставање без хуманитарна помош и прекинот на вода е во спортивност со меѓународното право и дека ова за Европската Унија е неприфатливо.
Во соопштението се наведува дека страдањата на населението во Алепо претставуа навреда се целото човештво. Исто така, во соопштението се повикуваат сите земји којшто имаат влијаније врз режимот и опозицијата да вложат максимални напори за крај на конфликтот.
Се посочува дека ЕУ посакува понатамошен напредок на политичките преговори за Сирија, којшто се одржуваат под покровителство на ОН, и дека ЕУ ќе ги оцени дополнителните можности за почнување на преговори на сите страни.
Од 19 септември како резултат на воздушните напади врз цивилното население од страна на режимот на сирискиот претседател Асад и руската војска животот го загубиле 323 цивили, а се повредени околу 1.323 лица.