Fuat Kabakcı
25 Февруари 2020•Ажурирај: 26 Февруари 2020
ПЕКИНГ (АА) - Билансот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Кина порасна на 2.665 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националната здравствена комисија на Кина објави соопштение во врска со последните случувања поради епидемијата на Ковид-19 во земјата, во кое се наведува дека во последните 24 часа починале 71 лице, додека откриени се нови 508 случаи.
Со тоа, бројот на лица кај кои е откриен овој вирус се зголеми на 76.288 лица, од кои 11.477 лица се наоѓаат во тешка здравствена состојба.
Бројот на лица што починаа од овој вирус, вклучувајќи ги и случаите во Хонгконг, се искачи на 2.665 лица, додека бројот на лица кај кои е откриен овој вирус се зголеми на 77.658 лица.
Се вели дека бројот на сомнителни случаи се намалил на 2.824, додека бројот на лица што се задржани под надзор се намалил на 87.902 лица.
Бројот на излекувани и лица отпуштени од болница се зголеми на 27.323 лица.