Fuat Kabakcı
16 Јануари 2020•Ажурирај: 22 Јануари 2020
ПЕКИНГ (АА) - Кина во вселената лансираше широкопојасен комуникациски сателит кој ќе врши трансфер на податоци од 10 гигабајти во секунда, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на Централната телевизија на Кина (CCTV), широкопојасниот комуникациски сателит за кој станува збор, во својата орбита е лансиран од Центарот за лансирање сателити „Џиучуен“ во југозападниот дел на земјата, со ракетата од типот „Куајџоу 1A“.
Сателитот, кој е развиен од страна на компанијата за авијација и вселена „Galaxy Space“, ќе се движи во ниската орбита и ќе трансферира податоци од 10 гигабајти во секунда.
Сателитот се планира да се користи за местата каде што има потешкотии во комуникацијата, како во пустините и океаните, или во патувањата со брзи возови и авиони.