Mahmut Atanur
03 Мај 2016•Ажурирај: 04 Мај 2016
ПЕКИНГ (АА) - Кинеските власти, по жалба од страна на семејството на починатиот студент од редок вид на рак, започнаа истрага против најголемиот кинески пребарувач Баиду, јавува Anadolu Agency (AA).
Студентот Веи Зихи минатиот месец почина во болница која дала погрешни информации, а ги пронашла преку кинескиот интернет пребарувач Баиду.
Студентот ја експериментирал терапијата за која болницата навела дека е многу успешена.
Веи пред неговата смрт го обвинил Баиду, бидејќи промовирал лажни медицински информации и болницата заради измама.
Болницата каде што починал студентот се наоѓа на самиот врв на листата на пребарувања на Бадиу.
Семејството на студентот изјави дека верувале дека воената болница во Пекинг која ја нашле преку интернет за третман на карцином е безбедна и сигурна, бидејќи лекарите и болницата биле многу популарни на социјалните платформи.
Од компанијата Баиду изјавија дека им е многу жал за она што се случило. Во пораката за сочувство упатена до семејството, се наведува дека компанијата ќе соработува во истрагата.
По смртта на Веи и реакцијата во јавноста, забележан е пад на акциите на веб-пребарувачот.