Кина повика на прекин на огнот откако САД ѝ дозволија на Украина да користи ракети со долг дострел
„Примирјето и политичкото решение се во интерес на сите страни“
ИСТАНБУЛ (АА) - Кина денес повика на прекин на огнот поради извештаите дека американскиот претседател во заминување Џо Бајден ѝ дозволил на Украина да користи ракети со долг дострел за „ограничени напади“ врз руската територија, што е голема политичка промена, јавува Анадолу.
„Примирјето и политичкото решение се во интерес на сите страни“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан, за новинарите во Пекинг, повикувајќи се на извештаи од Вашингтон.
„Непосреден приоритет е да се промовира деескалација колку што е можно поскоро“, рече Лин, јавија кинеските државни медиуми.
Одлуката Киев да користи ракети со долг дострел следуваше по извештаите дека Северна Кореја праќа војници за поддршка на воените напори на Москва.
Претходно Вашингтон се спротивстави Украина да употребува тактички ракетни системи со долг дострел против руски цели, наведувајќи ја загриженоста за можна руска одмазда.
„Кина постојано ги охрабрува и поддржува напорите што водат кон мирно решавање на кризата и на свој начин останува посветена да игра конструктивна улога во постигнувањето политичко решение за украинската криза“, рече Лин Џијан.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.