Fuat Kabakçı
02 Април 2017•Ажурирај: 03 Април 2017
ПЕКИНГ (АА) – Во градот Тјенцин кој се наоѓа во северниот регион на Кина, поради загадување на воздухот е прогласен тридневен портокалов аларм, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на агенцијата Синхуа, во градот Тјенцин е прогласен портокалов аларм порадишто нивото на штетни честички ПМ 2,5 е шест до осум пати над горната граница (25) на дозволени вредности на Светската хуманитарна организација (СЗО).
Во рамките на алармот кој ќе биде во сила до вторникот, градежните работи ќе бидат прекинати, на фабриките ќе им бидат дадени инструкции за намалување на емисијата на гасови како и на некои возила ќе се забранува вклучување во сообраќај.
Портокаловиот аларм во Тјенцин го покажува второто највисоко ниво на алармниот систем за покажување на загаденоста на воздухот во државата. Овој систем е составен од четири нивоа: син, жолт, портокалов и црвен.
Како резултат на брзиот развој и брзата индустријализација повеќето од најголемите градови на Кина се меѓу градовите со најзагаден воздух во светот. Админситрацијата на Пекинг од 2014 година се бори со загадувањето на околината и воздухот.
Поради зголеменото загадување на воздухот во земјата во последниве години, се преземени многу мерки. Тимовите за воздушен мониторинг во рамките на овие мерки, применуваат практики како казнување на компаниите кои предизвикуваат загадување на воздухот, прекинување на градежните работи за време на загадувањето.