Yusuf Hatip
02 Април 2017•Ажурирај: 02 Април 2017
ИСЛАМАБАД (АА) – Чувар на едно турбе во Пакистан заедно со некои други лица убиле 20 посетители, меѓу кои 4 жени, јавува Anadolu Agency (AA)
Мухамед Билал, висок полициски службеник во Пакистан, истакна дека вчера еден чувар на турбето заедно со други 4 лица биле приведени поради вршење убиство врз посетителите кои се наоѓале во турбето близу градот Саргодха кој се наоѓа во пакистанската провинција, Пенџаб.
Билал соопшти дека 20 лица, меѓу кои 4 жени, првин биле отруени па биле убиени со стап и нож, додека 4 лица се ранети.
Лијакат Али Чата, локален владин претставник, информираше дека чуварот кој е вработен на јавниот сектор, не бил ментално здрав.
Според известувањето започната е истрага во врска со случајот.