свет

Кина тестираше интерконтинентална балистичка ракета во Тихиот Океан

Кинеското Министерство ги информирало сите релевантни земји однапред бидејќи пробното лансирање е рутински аранжман во годишниот план за обука на ракетните сили

Islam Uddin  | 25.09.2024 - Обновена : 26.09.2024
Кина тестираше интерконтинентална балистичка ракета во Тихиот Океан

АНКАРА (АА) - Кина денес тестираше интерконтинентална балистичка ракета во Тихиот Океан, јавија државните медиуми, пренесува Анадолу.

Министерството за одбрана соопшти дека ракетните сили на кинеската Народноослободителна армија лансирале интерконтинентална балистичка ракета која успешно носела лажна боева глава и паднала во одреденото подрачје во меѓународните води, објави CGTN.

„Тоа е во согласност со меѓународното право и меѓународните практики и не е насочено против ниту една држава или цел“, нагласија од Министерството.

Оттаму додадоа дека Министерството ги информирало сите релевантни земји однапред бидејќи пробното лансирање е рутински аранжман во годишниот план за обука на ракетните сили.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.