Emre Aytekin
18 Април 2023•Ажурирај: 19 Април 2023
ПЕКИНГ (АА) - Кинеската економија се зголеми за 4,5 отсто на годишна основа во првиот квартал од 2023 година, што ги надмина очекувањата, пренесува Анадолу.
Според податоците на Националното биро за статистика (УИБ), бруто-домашниот производ (БДП) во периодот од јануари до март 2023 година е зголемен за 4,5 отсто во однос на првиот квартал од минатата година.
Стапката на раст беше над прогнозата на Сервисот на финансиски услуги Винд од 2,9 отсто, но под целта на кинеската Влада од околу пет отсто за оваа година.
Додека БДП се зголеми за 2,2 отсто во првиот квартал во однос на последниот квартал од 2022 година, се забележува дека политиките на поттикнување на раст по укинувањето на ограничувањата за Ковид-19 кон крајот на минатата година дале позитивен ефект на закрепнувањето.
Кинеската економија се зголеми за три отсто во 2022 година, забележувајќи најнизок годишен раст на производство од 1976 година, по растот од 2,2 отсто во 2020 година, кога се почувствуваа првите последици од епидемијата на Ковид-19.