Ömer Faruk Yıldız
09 Мај 2021•Ажурирај: 10 Мај 2021
КУАЛА ЛУМПУР
Ракетата „Long March 5B“, што беше лансирана за да го носи модулот на Вселенската страница на Кина во орбитата, но излезе од контрола, падна во Индискиот Океан, во близина на Малдивите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Канцеларијата на Кинеското воздухопловно инженерство, ракетата била лансирана на 29 април, а поголемиот дел од остатоците изгореле во атмосферата, додека остатокот што се вратил на Земјата, паднал во Индискиот Океан.
Се истакнува дека ракетата паднала во 10:24 часот според кинеско време, во близина на Малдивите.
Интернет-страницата „SpaceTrack.com“, која секој момент ја следеше локацијата на ракетата, потврди дека паднала ракетата „Long March 5B“.