Fatih Hafız Mehmet
14 Ноември 2018•Ажурирај: 14 Ноември 2018
ПЕКИНГ (АА) - Премиерот на Кина, Ли Кечјианг, доцна синоќа предупреди дека во кинеско-американската трговска војна никој не може да биде победник, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на кинеската Влада, Ли, предупреди на негативните последици од трговската војна меѓу Пекинг и Вашингтон на Самитот на Асоцијацијата на нации на Југоисточна Азија (АСЕАН), кој се одржува во Сингапур.
„Кина не сака да ги види последиците кои ќе го загрозат трговскиот ланец и ќе се одразат на трети земји“, порача Ли.
Тој ги коментираше и тензиите предизвикани со несогласувањата во врска со Јужнокинеското Море и изјави дека Кина сака сите несогласувања да ги реши со дијалог и тоа во наредните три години.
Самитот на АСЕАН во Сингапур започна синоќа, а една од темите на дводневниот собир е јакнењето на трговската размена меѓу земјите членки.
Во Сингапур се очекува заминување на лидерите на сите членки на АСЕАН, вклучувајќи ја и Кина, Индија, Јапонија, Јужна Кореја, Русија и Австралија.