Sibel Uğurlu
29 Октомври 2016•Ажурирај: 29 Октомври 2016
НИНИВА (АА) - Ослободени се три села западно од Мосул од терористичката ДЕАШ, изјавија од ирачката војска денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Фаисал Јасин, капетан на оперативната команда Нинива, за Anadolu Agency изјави дека се уиштени и четири возила на ДЕАШ натоварени со бомби, и дека операцијата е во тек.
Мезахим Ахмед, армискиот мајор на ирачката војска, изјави дека во воздушните напади на коалицијата предводени од САД во местото Тал Кајф, 12 километри од Мосул, по грешка се убиени четворица а ранети девет ирачки војници.
Убиените војници биле со 16. дивизија на ирачката војска која речиси седум дена била во Тал Кајф, додаде Ахмед.
Ирачката војска со поддршка на коалицијата предводена од САД, на 18 октомври ја започна долго очекувана операција за преземање на Мосул од ДЕАШ, кој овој град го зазеде средината на 2014 година.
Поголемиот дел од селата на градската периферија се ослободени, а ДЕАШ и понатаму држи контрола над Мосул.