Serdar Dincel,Servet Günerigök
02 Јануари 2025•Ажурирај: 03 Јануари 2025
ВАШИНГТОН (АА) - Бројот на загинати во нападот со камионетка во Њу Орлеанс, Луизијана, се искачи на 15, јавува Анадолу.
„Ќе бидат потребни неколку дена за да се направат сите аутопсии. Откако ќе ги завршиме, ќе разговараме со најблиските, ќе ги објавиме имињата на жртвите“, изјави лекарот Двајт Мекена.
Претходно 35 лица беа пријавени за повредени кога камионетката поминала низ Францускиот кварт околу 3:15 часот вчера. Областа е популарна кај туристите и центар е за прослави за големите празници, особено за новогодишната ноќ.
Околу 400 полицајци беа распоредени за заштита на областа.
ФБИ соопшти дека не верува оти човекот што влета со камионетка во толпата на новогодишната забава, кој е идентификуван како Шамсуд-Дин Џабар, 42-годишен американски државјанин и армиски ветеран, дејствувал сам.
„Не веруваме дека Џабар е единствен одговорен. Агресивно ја истражуваме секоја трага, вклучително и негови соработници“, изјави за новинарите Алетеа Данкан, помошник специјален агент на ФБИ задолжен за теренската канцеларија во Њу Орлеанс.
Надлежните работат на идентификување на лицата видени на камера и нивно приведување.