Sinan Doğan
28 Декември 2021•Ажурирај: 30 Декември 2021
БОГОТА
Најмалку седум лица загинаа и над 20 се повредени кога автобус излета во провалија во Колумбија, јавуваат локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Патнички автобус кој патувал од главниот град Богота кон Меделин, вториот по големина колумбиски град, излетал во провалија во местото Сан Луис, во северозападниот дел на земјата. Во несреќата загинал возачот и уште најмалку шестмина.
Меѓу 20-темина повредени на кои им беше укажана медицинска помош во болниците во регионот, осум патници се во критична состојба.
Властите покренаа истрага за инцидентот.