Muhammed Bilal Kenasari
27 Септември 2016•Ажурирај: 27 Септември 2016
ВАШИНГТОН (АА) – Потпишан е договорот со којшто се стави крај на 52-годишната граѓанска војна меѓу Владата на Колумбија и Вооружените револуционерни сили на Колумбија (FARC), јавува Аnadolu Agency (AA).
На церемонијата во градот Картагена, каде што присуствуваа високи претставници на 15 земји, беше потпишан договорот од страна на претседателот Хуан Мануел Сантос и претставникот на ФАРЦ, генерал Родриго Лондоно Ечевери.
Пред потпишувањето, Сантос истакна дека граѓаните на истата држава меѓусебно се убивале 52 години: „Јасно и гласно кажуваме дека повеќе не сакаме војна“.
И лидерот на ФАРЦ, Тимолеон Хименес, познат како „Тимишенко“, се извини во името на ФАРЦ за сите доживеани страдања во војната.
Тој истакнa: „Договорот за мир претставува победа на колумбискиот народ и на меѓународната заедница“.
- Лидерите сведочеа за историската церемонија -
Пенкалото со коешто потписниците го парафираа договорот беше симболично во облик на куршум, испраќајќи порака дека борбата треба да се трансформира во договор.
На церемонијата присуствуваа и лидерот на Куба, Раул Кастро, генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, шпанскиот крал Хуан Карлос, како и американскиот државен секретар Џон Кери.
Договорот имаше голема поддршка во земјата, но околу 2.000 протестанти излегоа на протест пред зградата каде што беше одржана церемонијата.
Според потпишаниот договор, ФАРЦ ќе се демилитаризира и ќе се приспособи во политичкиот систем во земјата.
Мировните преговори меѓу владата и ФАРЦ започнаа во ноември 2012 година, во главниот град на Куба, Хавана. Страните се договараа за прашања во врска со правата за оштетените, правото на земјиште, политичкото вклучување на бунтовниците и борбата против трговијата со наркотици, и на 25 август во Хавана го потпишаа договорот, така што со ова практично се стави крај на 52-годишната војна.