Murat Karadağ
29 Август 2016•Ажурирај: 30 Август 2016
БОГОТА (АА) Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК) соопштија дека по мировниот договор со колумбиската Влада објавуваат траен прекин на огнот, јавува Anadolu Agency (AA).
По потпишаниот мировен договор минатата недела во Куба, којшто ќе ѝ даде крај на 52-годишната војна, лидерот на ФАРЦ, Родиго Лондоно-Ечаверу (Тимошенко) сoопшти дека е донесена одлука за безусловен и траен мир.
Во одржаниот брифинг Тимошенко изјави, „Како врховен командант на ФАРК на сите наши авторитети, единици и војници им порачувам безусловно да престанат со сите воени активности против колумбиската Влада.”
Истакнувајќи дека имаат намера да стават крај на вооружената борба, да се преобразат во легално политичко движење и повторно да бидат заедно, лидерот на ФАРЦ, Тимошенко, соопшти дека на ригорозен начин ќе продолжи да стои зад овие намери.
Претседателот на Колумбија, Хуан Манел Сантос, во петокот во својата изјава наведе дека одлуката на Владата за воспоставување примирје со ФАРК ќе биде применета во понеделник.
Примирјето се смета како последен чекор којшто ќе им даде крај на 52-годишната борба. Овие вооружени борби се сметаат како најдолги во светот, а од 1964 година досега животот го загубиле 220.000 лица, а 6 милиони луѓе беа протерани.
- Преговорите траеа повеќе од три години -
ФАРК е формирана во 1964 година од страна на Мануел Марлуанда како воено крило на Комунистичката партија на Колумбија. Повеќето од основачите беа земјоделски работници којшто се организираа против неправдата во Колумбија.
По смртта на Маруланда во 2008 година, лидерското крило го презеде Цано и повторно го организираше ФАРК којшто броел околу 8.000 припадници, но во 2011 година по неговото загинување во една операција, на негово место дошол Тимошенко.
Воените операции на колумбиската Влада пред 15 години поддржувани од страна на САД предизвикаа губење на моќта на ФАРЦ, а поради тоа беа започнати преговори, меѓу Владата и ФАРЦ во декември 2012 година, Хавана, Куба и траеја повеќе од три години.
Страните потпишаа договор за компензација за воена оштета. Целокупниот потпишан договор се состои од четири главни точки: права за оштетените, право на земјиште, политичко вклучување на бунтовниците и борба против трговијата со дрога.
Бројот на милитанти на ФАРК, кој од страна на САД и ЕУ се смета како терористичка организација, се намали од 17.000 на 7.000 илјади.