Şükri Hasan,Safiye Karabacak
29 Август 2016•Ажурирај: 30 Август 2016
АДЕН (АА) - Терористичката организација ДАЕШ презеде одговорност за самоубиствениот бомбашки напад, во загинаа 45 а ранети се 60 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Интернет порталите блиски на ДАЕШ објавија дека припадниците на таа терористичка организација утринава извршиле напад врз воен објект во јужниот јеменски град Аден, и дека притоа се убиени најмалку 60 лица.
Бомбашот самоубиец утрово активираше автомобил-бомба пред училиштето Ес-Сенафир, во кое се сместени провладините јеменски сили, во северниот дел на градот Аден, привременото седиште на јеменската влада.
Во силната експлозија загинаа најмалку 45 а ранети се 60 лица, се соопштува од организацијата „Лекари без граници”.
Јемен се наоѓа во длабока политичка и безбедносна криза, која кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна кога бунтовниците, предводени од шиитското движење на Хусите, го зазедоа главниот јеменски град Сана, а потоа и другите региони. Претседателот на Јемен, Абд Рабу Мансур Хади и неговата влада побегнаа во Саудиска Арабија.
Јужниот пристанишен град Аден има статус на привремен главен град, бидејќи во него се сместени провладините сили кои се честа мета на слични терористички напади и напади од страна на бунтовничките сили.