İdris Sülün
10 Ноември 2021•Ажурирај: 11 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Оригиналниот компјутер на „Епл“ (Apple), произведен од основачите на компанијата „Епл“, Стив Вознијак и Стив Џобс во 1976 година, е продаден на аукција во САД за 400.000 долари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), оригиналниот компјутер „епл 1“ во работна состојба, чие куќиште е изработено од ретко хавајско дрво коа и во првата верзија произведени се само 200 примероци, е продаден за 400.000 долари на аукција во САД.
Според информациите на аукциската куќа „Џон Моран“ во Калифорнија, првиот корисник на компјутерот бил универзитетски професор, а потоа го продал на студент за 650 долари.
Покрај оригиналниот компјутер продаден на аукцијата, дадени се и две касети со упатство за употреба и софтверот на „Епл“.
Стив Вознијак, Стив Џобс и Роналд Вејн ја основаа светски познатата компанија „Епл“ на 1 април 1976 година во гаража во Калифорнија.
За да го финансираат производството на компјутерот „епл 1“ во раните години од постоењето на компанијата, Џобс и Вознијак мораа да продадат дел од нивните лични работи.