Amina Zorniç
11 Април 2016•Ажурирај: 12 Април 2016
ЛОНДОН (АА) – Англиската престолнина Лондон ја угости познатата аукциска куќа “Christie’s” која на аукцијата ги престави најзначајните уметнички дела од 20-от век, пишува Anadolu Agency (AA).
Во бројните старини со непроценлива вредност е и делото на американскиот скулптор Александар Калдер од 1959 година, проценето на 4,5 милиони американски долари.
Своето место на аукцијата го најде и сликата “Седиот човек” на најголемиот шпански уметник и основач на кубизмот, Пабло Пикасо. Неговата слика се проценува од 8 до 12 милиони долари.
Сликата од 1957 година на американскиот сликар Марк Ротко кој претставникот на апстрактниот експрезионизам, проценета е од 30 до 40 милиони долари.
Неговата слика наречена “Портокалово, црвено, жолто” во 2012 година на аукцијата на “Christie’s “во Њујорк беше продадена за 86,9 милиони долари, што е досега најголемата цена постигната за дела од современата умтеност.
Сликата на францускиот сликар Жорж Брак вреди 9 милиони долари. Тој е еден од доминантните личности на париската сликарска школа воњедно и еден од првите сликари кој своите пејзажи ги конструирал со коцки, од каде е и изведен називот кубизмот.