Havva Kara Aydın
16 Декември 2019•Ажурирај: 16 Декември 2019
МАДРИД (АА) - 25. Конференција на ОН за климатски промени (COP25) не ги исполни очекувањата со својата финална одлука, по долготрајните преговори меѓу делегациите учесници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Разговорите беа продолжени два дена, со цел претставниците на 197-те земји членки на Обединетите нации (ОН) да се договорат за конечната изјава по официјалните состаноци на КОП25 кои започнаа на 2 декември.
Земјите со своите различни пристапи за борба против климатските промени не можеа да ги надминат разликите во државните интереси во однос на дистрибуцијата на глобалните емисии на јаглерод, интегритетот на животната средина и финансирањето.
Единствената значајна точка на заклучната декларација беше акцентот на намалувањето на јазот помеѓу емисиите на јаглерод на земјите членки до 2020 година.
Многу еколошки организации ја опишаа оваа конференција за климатски промени како разочарувачки самит и конференција под очекувањата.
Конференцијата за климатски промени требаше да се одржи во Сантијаго, Чиле, но се одржа во главниот град на Шпанија, Мадрид, поради немирите во чилеанскиот главен град.
Самитот КОП25 се смета како подготвителен за претстојниот самит КОП26 во Глазгов, Шкотска, следната година.