Muhammet İkbal Arslan,Nazlı Yüzbaşıoğlu
16 Декември 2019•Ажурирај: 16 Декември 2019
НИКОЗИЈА (АА) – Беспилотното летало стационирано во Командата за поморска воздушна база „Даламан“ во Турција, пристигна на аеродромот „Гечиткале“, во Турската Република Северен Кипар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
По одлуката активностите на аеродромот „Гечиткале“ во Турската Република Северен Кипар да се спроведуваат со беспилотни летала, од Турција пристигна и првото беспилотно летало.
Беспилотно летало од типот „Бајрактар ТБ2“ од Командата за поморска воздушна база „Даламан“ пристигна на аеродромот „Гечиткале“.
Во петокот, Владата на Турската Република Северен Кипар донесе одлука аеродромот „Гечиткале“ да се користи за активности кои ќе се спроведуваат со беспилотни летала.
По барање на Турција, Владата на Турската Република Северен Кипар даде одобрение аеродромот „Гечиткале“ да биде доделен на Командата на турските мировни сили во Кипар.